Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Клековски се сретна со матичните лекари, во фокусот подобрување на „Мој термин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryp808ov13ngt68sur6y2

Министерот за здравство Сашко Клековски информираше дека денеска одржал воведна средба со претставници на Здружението на приватни лекари и Здружението на лекари по општа медицина, на која се разговарало за состојбите и предизвиците во примарната здравствена заштита.

— реклама —

Според објавата на Клековски, на средбата присуствувале и претставници на Управата за електронско здравство, а главна тема биле можностите за унапредување на системот „Мој термин“ со цел матичните лекари побрзо и поефикасно да обезбедуваат термини за специјалистички прегледи.

Како што наведува министерот, планирани се поедноставено и побрзо закажување специјалистички прегледи, нови алатки за полесно пребарување на слободните термини и подобрување на комуникацијата меѓу матичните лекари, здравствените установи и системот „Мој термин“.

— реклама —
— реклама —

Клековски посочи дека Министерството за здравство, во соработка со Управата за електронско здравство, останува отворено за соработка со матичните лекари, здравствените установи и софтверските компании, со цел да се воспостави поефикасен систем за закажување прегледи.

— реклама —

Според него, крајната цел е пациентите да чекаат пократко за специјалистички прегледи и да имаат подостапна здравствена заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt1qd5k37q0gsaAmFeZX

Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски: Извршени 16 операции на повредените во Кочани со помош на израелски хирурзи

Македонија | пред 6 дена

media-librarysl234jjh66nc6DERTdn

Клековски најави реформи во здравството: Повеќе лекови, обновени болници и реформа на итната помош

Македонија | пред 1 седмица

media-library11695ido54t4e3J38oF

Македонија подготвува нов Закон за лекови, целта е усогласување со европските стандарди

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања