Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Коцевски жестоко кон Адвокатската комора: „Местото за соочување на доказите за „Пулс“ е судницата, а не медиумите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија попладнево остро реагираше на јавните настапи на дел од адвокатите кои го коментирале обвинението за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Оттаму коментираат дека со нивните изјави го нарушуваат угледот на судот и институциите.

Во писмо испратено до Адвокатската комора на Република Северна Македонија, јавниот обвинител Љупчо Коцевски посочува дека дел од адвокатите јавно изнесуваат неосновани проценки за текот и траењето на судската постапка, без да бидат запознаени со доказите и обвинението. Таквото однесување, како што се наведува, е спротивно на Кодексот за професионална етика на адвокатите, според кој тие се должни да го чуваат угледот на судовите и правосудните органи.

— реклама —

Изнесувањето на неосновани проценки за долгото траење на судската постапка наштетува на угледот на Судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато“, се вели во реакцијата.

Обвинителството наведува дека дел од адвокатите се претставуваат како независни експерти, а притоа не откриваат дека се бранители на обвинетите, со што, според институцијата, ја доведуваат јавноста во заблуда. Како пример за неетички јавен настап, во писмото е посочено учеството на адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, каде што, според Обвинителството, изнесла невистини дека не ѝ бил доставен целосниот доказен материјал.

— реклама —

Наведените пораки се дел од доказен материјал што е интегрално доставен во Судот и до сите бранители, стои во дописот.

— реклама —

Коцевски нагласува дека доказниот материјал во предметот „Кочани“ е обемен и резултат на макотрпна работа на обвинителите, особено потенцирајќи дека местото за соочување на доказите е судницата, а не медиумите.

Пред нас е тежок, но исклучително важен процес со кој треба да испорачаме правда за жртвите во кочанската трагедија. Адвокатите имаат професионална одговорност да придонесат за ефикасно и правично судење, наведува Коцевски, барајќи од Адвокатската комора да апелира за почитување на етичките стандарди.

Обвинителството истакнува дека тимот кој го застапува обвинението за пожарот во „Пулс“ има целосна поддршка од институцијата и дека нема да дозволи ниту едно рочиште да се одложи по вина на јавен обвинител.

„Поднесениот обвинителен акт е потврден од Судот и е стапен на правна сила. Наскоро ќе следуваат одлуки и во други постапки поврзани со овој тежок настан“, се вели на крајот во реакцијата на Јавното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 5 дена

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања