Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кого лаже Изет Меџити, парите за гасификација се преполовени, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
izet-medziti-1-im

„Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Мицкоски и Меџити не само што не преземаат ништо, туку упорно го лажат народот. Денеска Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина, се обиде да го убеди народот дека гасификацијата е решение за аерозагадувањето. Но вистината е сосема поинаква. Наместо да инвестира во гасификација, владата ги преполови средствата за овој проект во Буџетот за 2025 година“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Дури и кога зборуваат за други решенија, како што е когенеративната гасна централа, лагите продолжуваат. Само пред неколку дена, Мицкоски тврдеше дека оваа централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ни денар. Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето.

Состојбата е уште полоша ако се погледне фактот дека повеќето од мониторинг-станиците за мерење на квалитетот на воздухот не функционираат. Од 29 инструменти, повеќето се надвор од употреба, а средствата за нивно одржување ги нема. Ако власта не може ниту да го мери загадувањето, како ќе се бори против него?

— реклама —

И тука не застануваат. Депонијата „Дрисла“, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност.

— реклама —

Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина, власта на Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ се зафатени со лажење на народот и празни ветувања. Секој ден кој тие го поминуваат во неактивност е ден во кој граѓаните го плаќаат со своето здравје.

Ете толку е негрижата на власта на ДПМНЕ за здравјето и животите на луѓето. За нив, граѓаните се само бројка, а нивните лаги и празни зборови немаат граници.

— реклама —

Но ние, од СДСМ, нема да дозволиме оваа состојба да продолжи. Време е за вистински мерки, за акција, за решенија кои ќе го спасат животот на нашите деца. Време е за власта да сноси одговорност!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања