Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Европските аеродроми и понатаму се соочуваат со значителни доцнења на летовите, иако во последниот период се забележува благо подобрување на точноста, покажуваат најновите податоци на Евроконтрол.

— реклама —

Најлошо рангиран според точноста на поаѓањата е Лисабон, каде само 49 проценти од летовите полетуваат навреме. Меѓу аеродромите со најмногу доцнења се и Цирих и Ница, што ги става на врвот на негативната листа во Европа.

— реклама —

Експертите како главни причини ги посочуваат зголемениот обем на воздушен сообраќај, ограничувањата на одредени рути, неповолните временски услови, како и фактот дека дел од аеродромите функционираат речиси на максимален капацитет.

Спротивно на тоа, најдобри резултати бележат аеродромите во северна Европа. Берген, Осло, Стокхолм, Копенхаген и Лајпциг имаат стапка на точност над 80 проценти, што ги прави меѓу најсигурните кога станува збор за навремено полетување.

— реклама —

Во извештајот се наведува и дека најпрометни европски воздухопловни јазли се Истанбул, Амстердам Схипхол, Лондон Хитроу и парискиот Шарл де Гол. Вкупниот воздушен сообраќај расте, со просек од околу 30.000 летови дневно, додека во летните месеци бројката достигнува и до 35.000.

— реклама —

Кога станува збор за авиокомпаниите, најголем обем на летови има „Рајанер“ со околу 3.192 летови дневно, пред „Изиџет“ со 1.611 и „Туркиш ерлајнс“ со 1.559 летови. Следуваат „Луфтханза“ и „Ер Франс“ со нешто над илјада летови дневно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 5 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања