Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Објавени млекарите кои пласирале лажни декларации за млечните производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

Голема измама на потрошувачите откри Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети низ земјава.

— реклама —

Официјалните ветеринари подигнале вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомеснати производи (од домашно производство и од увоз) за да утврдат дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.

— реклама —

Според резултатите, кај дел од производителите биле утврдени отстапувања во процентот на млечни масти и протеини, а во еден случај биле откриени и растителни масти во производ што се декларира како млечен.

— реклама —

Според „КУРИР“ меѓу производите кај кои се утврдени неправилности се:

— реклама —
  • Млекара Милком, мешан кашкавал, млечни масти по декларација 34.5%, по анализа 30%.

  • Млекара Маврово, мешано сирење, по декларација 24.5%, по анализа 17.5%.

  • Млекара Сентис АГ тетово УХТ млеко по декларација 3.2%, по анализа 2.85%. Протеин деклариран 3.5% по анализа 3%. Павлака кисела по декларација млечна маст е 18%, по анализа 14%.

  • Млекара Ѓорѓиеви, козјо сирење, по декларација 23%, по анализа 16.3% млечна маст. Протеин по декларација 18.8%, по анализа 14.6%.

  • Млекара ПК Златибор Србија, увоз-златиборско ситно сирење по декларација млечна маст 14.3% по анализа 1.19%.

  • Млекара Бела фарм производ урда потекло Србија Хомоље, по декларација млечна маст 25%, по анализа 5.54%.

  • Млекара -Продукт бренд, кравјо сирење по декларација млечна маст 15%, по анализа 11.4%. Протеини 12%, по анализа 15%.

  • Тетовска млекара, мешано сирење, по декларација 23% ,по анализа 19.8% млечна маст.

  • Млекара Норд милк, млечна павлака со пиперка позитивна на растителни масти.

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

АХВ откри измами со млечни производи: Во сирење со декларација од 20% млечна маст имало само 1%

Вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) открија сериозни отстапувања кај дел од млечните производи што се продаваат на домашниот пазар. Кај дел од анализираните примероци е утврдено дека реалниот процент на млечна маст е значително понизок од оној што бил наведен на декларацијата.Во рамки на контролите биле земени 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз. Досега се комплетирани резултатите за 45 мостри млеко и млечни производи, д

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ovci

Над 3.400 стада ќе добијат заштита од сипаници, вакцините се донација од ЕУ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
ekspert-objasnuva-zoshto-treba-da-prestanete-da-piete-kravjo-mleko-kafepauza.mk_

Нови проверки во тетовската млекарница по враќањето на пратките од Косово – се чекаат резултатите од две лаборатории

Македонија | пред 3 дена

ovci

Почна дистрибуцијата на 400.000 вакцини против сипаници кај овците и козите

Македонија | пред 5 дена

media-libraryu635o6i85s9qeYlrkBC

Ветеринарите излегоа на протест: Бараат повеќе пари, редовни исплати и повисоки цени на услугите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања