Промени тема
Контакт

Кој е Али Хамнеи и што неговата смрт значи за Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryh732tl1r088fcUjk6hA

За време на американско-израелските напади врз Иран и тврдењата на висок израелски функционер дека врховниот лидер Али Хамнеи е мртов, Исламската Република се соочува со најголемиот политички потрес од револуцијата во 1979 година.

САД и Израел утрово започнаа координирани напади врз ирански воени и безбедносни цели. Американскиот претседател Доналд Трамп во видео-порака изјави дека целта на нападот е „да се стави крај на безбедносната закана за САД“ и на Иранците „да им се даде можност да ги соборат своите владетели“.

Следуваа ирански противнапади со проектили врз Израел, но и врз американски воени локации во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Израел прогласи вонредна состојба, а регионот се наоѓа на работ од поширок конфликт.

Во тој контекст, израелски функционер за Reuters изјави дека „ајатолахот е мртов и дека неговото тело е пронајдено“. Техеран засега официјално не ја потврди таа информација.

Човекот кој владееше 36 години

Али Хамнеи (86) доминираше со Иран од 1989 година, кога по смртта на Рухолах Хомеини ја презеде доживотната функција врховен лидер. Како највисок авторитет во политичкиот и верскиот систем, ги контролираше вооружените сили, безбедносните служби, правосудството и клучните политички одлуки.

Во текот на трите децении на власт ги преживеа студентските протести во 1999 година, масовните немири во 2009 година, брановите побуни во 2019 година, како и движењето „Жена, живот, слобода“ во 2022 и 2023 година, предизвикано од смртта на Махса Амини во притвор. Секојпат режимот одговараше со репресија.

Неговото владеење беше обележано со цврста контрола, потпирање на Револуционерната гарда (IRGC) и трајна конфронтација со САД и Израел. Одбиваше да го признае Израел и поддржуваше сојузнички групи низ Блискиот Исток.

— реклама —

Војната што ги разоткри слабостите

За време на дванаесетдневната војна во јуни 2025 година, кога Израел изведе најдлабоки удари досега во внатрешноста на Иран, Хамнеи беше принуден да се крие. Војната откри сериозни безбедносни пропусти и продор на странски разузнавачки служби во иранските структури.

И покрај тоа, во јавните обраќања нагласуваше дека Иран нема да потклекне. По повод 47-годишнината од Исламската револуција тврдеше дека револуцијата „го спасила Иран од странско влијание“ и дека силата на земјата е во единството.

— реклама —

Сепак, аналитичарите во последните месеци оценуваа дека неговата позиција е покревка од кога било, особено поради економските проблеми, санкциите и растечкото незадоволство кај населението.

Кој ја презема власта?

Доколку се потврди неговата смрт, прашањето за наследството станува клучно. Според уставот, Советот на експерти именува нов врховен лидер. Во политичките кругови со години се шпекулира за неговиот син Мојтаба Хамнеи, кој од сенка управува со канцеларијата на својот татко и ужива силна поддршка од тврдолинијашите.

Револуционерната гарда, како најмоќна институција во земјата, би можела да има пресудна улога во транзицијата. Американската ЦИА претходно проценуваше дека, во случај на смрт на Хамнеи, власта би можеле да ја консолидираат токму тврдолинијашите од IRGC.

— реклама —

Иранскиот парламент во јануари порача дека секој напад врз врховниот лидер би значел „објава на војна на целиот исламски свет“ и би можел да поттикне прогласување џихад.

Регионот на работ

По нападите, Трамп разговараше со лидерите на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, како и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Консултациите следеа по иранските удари врз американските бази во регионот.

Доколку Хамнеи навистина е убиен, Иран влегува во период на длабока неизвесност. Можно е внатрешно пресметување меѓу фракциите, но и дополнителна ескалација на конфликтот со Израел и САД. За режим што 36 години почиваше на една фигура, ова би можел да биде момент што менува сè.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иран и Оман во понеделник го финализираат договорот за Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library932j0oal50np1cz5Fgd

Ирански напад врз американска база во Јордан: Оштетени повеќе воени авиони

Свет | пред 3 дена

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Ескалација на Блискиот Исток: Иран нападна американски цели во Јордан

Свет | пред 3 дена

media-libraryfnapgogfid955jSmbDr

Иран со предупредување до САД: „Секој нов напад ќе добие побрз, пожесток и поболен одговор“

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања