Промени тема
Контакт

Колку кафе дневно е идеално? Истражување открива каде е границата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-librarypad3j10st9k26EXgu1F
Photo by Rosalind Chang on Unsplash

Умереното консумирање кафе може да биде поврзано со помал ризик од депресија, анксиозност и стрес, покажува ново истражување објавено во научното списание „Journal of Affective Disorders“.

Според резултатите, луѓето кои пијат две до три шолји кафе дневно имаат помал ризик од нарушувања на расположението и стрес во споредба со оние кои пијат помалку или повеќе кафе.

Истражувањето, сепак, покажало дека зголеменото количество кафе не носи и поголема корист. Пиењето повеќе од три шолји дневно може да биде поврзано со зголемена анксиозност и нарушен сон, со што може да се изгубат позитивните ефекти од умереното консумирање.

Нутриционистката Морган Л. Вокер за „Verywell Health“ го опишува умерениот внес како своевидна „златна средина“, бидејќи над препорачаната количина може да се појават нервоза, послаб сон и зголемена анксиозност, особено кај луѓето кои се почувствителни на кофеин.

— реклама —

Интересно е што резултатите биле слични без оглед на видот на кафето, вклучително и кафето без кофеин. Според Вокер, тоа отвора можност позитивниот ефект да не се должи само на кофеинот, туку и на други состојки во кафето, како антиоксидансите и различните биолошки активни соединенија.

— реклама —

Истражувачите забележале и дека генетските разлики во начинот на кој организмот го разградува кофеинот не влијаеле значително врз резултатите. Забележани се само помали разлики меѓу половите, при што заштитниот ефект бил нешто поизразен кај мажите.

Сепак, авторите предупредуваат дека станува збор за опсервациско истражување, што значи дека резултатите покажуваат поврзаност, но не докажуваат дека кафето директно ги спречува депресијата или анксиозноста.

— реклама —

Експертите посочуваат дека на менталното здравје влијаат и низа други фактори, меѓу кои исхраната, квалитетот на сонот, физичката активност и начинот на справување со стресот.

Наодите, сепак, упатуваат дека кафето може да биде дел од здрава дневна рутина доколку се консумира умерено, но поголемата количина не значи и поголема корист.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryptcjjn7h419na9aMbaM

Научниците открија кој напиток помага за посилни коски

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryptcjjn7h419na9aMbaM

Еве како секојдневното пиење кафе влијае на црниот дроб

Магазин | пред 3 месеци

media-library98gluuoetgj7eMWb9D9

Научниците открија како кафето може да го забави стареењето

Магазин | пред 3 месеци

media-library6i13nmj0l5n60og0xNa

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година, но цените ќе останат високи

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања