Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Компанијата xAI на Илон Маск тужи корисник поради злоупотреба на Grok

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ilon-mask

Компанијата за вештачка интелигенција xAI, во сопственост на Илон Маск, поднесе тужба против жител на американската сојузна држава Јужна Каролина, обвинувајќи го дека го злоупотребил системот Grok за создавање незаконска содржина.

— реклама —

Според тужбата, поднесена до федерален суд во Тексас, Тери Харвуд ги прекршил условите за користење на платформата, а претходно оваа година бил уапсен под обвинение за сексуална експлоатација на малолетници.

— реклама —

Од xAI тврдат дека обвинетиот прикачувал фотографии од возрасни лица и малолетници, а потоа се обидувал преку Grok да генерира сексуално експлицитни дипфејк содржини. Компанијата наведува и дека креирал експлицитни слики од возрасни лица без нивна согласност.

Во тужбата се истакнува дека xAI ги суспендира или трајно ги укинува сметките на корисниците кои ги прекршуваат правилата, а сомнителните материјали ги пријавува до Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца во САД.

— реклама —

Компанијата бара судот да му изрече трајна забрана за користење на Grok и да му наложи исплата на парична отштета, чиј износ не е прецизиран.

Ова е еден од првите случаи во кои компанија што развива системи за вештачка интелигенција покренува тужба против свој корисник поради наводна злоупотреба на алатките за генерирање содржини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ilon-mask

Маск размислува да ги спои „Тесла“ и „СпејсИкс“, експертите предупредуваат на ризици

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Франција: Маск ја користи Икс за напади врз европски политичари

Свет | пред 2 седмици

ilon-mask

По Трамп и Маск бара заминување на Зеленски: „Време е Украина да добие нов лидер“

Свет | пред 2 седмици

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања