Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Конгресот на СДСМ може да работи – обезбедено мнозинство: Над 65 проценти од делегатите се во сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryqqssq6lilkkf2M5AB3M

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Скопје го одржува 31. Конгрес во хотелот „Александар Палас“, на кој се анализира изборниот резултат од последните локални избори и се отвора расправа за идната насока на партијата.

— реклама —

Иако во изминатите денови, преку официјални и неофицијални канали, кружеа информации дека раководството на СДСМ се соочува со сериозен предизвик да обезбеди мнозинство од делегатите и дека е доведено во прашање одржувањето и легитимитетот на Конгресот, на почетокот на работниот дел беше соопштено дека се присутни повеќе од 65 проценти од делегатите. Со тоа беа исполнети условите Конгресот да работи и да носи одлуки.

Конгресот се одржува под раководство на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во изминатиот период беше под силен притисок од дел од поранешните високи партиски функционери и од критичката струја во партијата.

— реклама —

Во салата се присутни и актуелни пратеници од СДСМ, а во официјалниот дел на Конгресот учествуваше и поранешниот претседател на партијата и поранешен премиер, Владо Бучковски.

— реклама —

Во пресрет на Конгресот, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека пратеничката група е стабилна и единствена, отфрлајќи ги шпекулациите за можно нејзино распаѓање.

„Пратеничката група на СДСМ е компактна, составена од луѓе кои растеле и се граделе низ партијата. Триесет години ја граделе СДСМ и на ниту еден пратеник од нашата пратеничка група не му е сеедно каде ќе се движи партијата. Сите други шпекулации немаат вредност“, изјави Спасовски.

— реклама —

Конгресот се очекува да продолжи со расправа за причините за изборните резултати, внатрепартиските состојби и политичките приоритети на СДСМ во периодот што следи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања