„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Контроверзии околу новиот менаџер на Зоолошка: Бил осуден за измама со животни, казната избриша,а тој вели дека не е осудуван

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-libraryee0jmccsqgqg7eOXVTq

Активистката за заштита на животните Мери Јордановска јавно го проблематизира изборот на Стефан Кирков за менаџер на Скопската зоолошка градина, потсетувајќи на негова судска историја поврзана со измама со животни. Според нејзината објава, Кирков во 2018 година со пресуда К бр. 1205/18 бил осуден на условна казна за измама, при што продавал кучиња по цена од 600 евра, ветувајќи педигре кое никогаш не им било доставено на купувачите.

— реклама —

Во самата пресуда, како што наведува Јордановска, преку сведоштва од Кинолошкиот сојуз било посочено дека лицето било познато и по други слични измами. Иако поминал подолг временски период и пресудата е избришана од казнената евиденција, таа нагласува дека тоа не значи дека делото не било сторено. Дополнително, според нејзините наводи, Кирков во 2021 година одлежал три месеци затвор во Идризово поради непокриени трошоци во друга судска постапка.

„Прашањето е како лице осудено за измама со животни ќе раководи со институција која работи исклучиво со животни, особено по сите скандали што ја следат ЗОО Скопје“, пишува Јордановска, отворајќи и дилема дали против Кирков во моментов се води нова постапка за друго кривично дело.

— реклама —

По објавите и реакциите во јавноста, со став се огласи и самиот Стефан Кирков. Тој тврди дека нападите кон него се оркестрирани и започнале откако се појавила информацијата дека ќе ја преземе менаџерската позиција во Скопската зоолошка градина. Кирков истакнува дека поседува официјална потврда од надлежните институции дека не е осудуван и дека ги исполнува сите законски услови за функцијата.

Тој нагласува дека неговото доаѓање на чело на Зоолошката градина не им одговара на одредени кругови, но уверува дека неговата цел е развој на современа и успешна зоолошка установа. Кирков посочува дека целиот свој живот го посветил на животните и хуманиот однос кон нив, додавајќи дека никогаш не би направил нешто што би им наштетило.

„Вистина е дека имам потврда од надлежни институции дека не сум осудуван со што целосно ги исполнувам сите законски услови за позицијата која се споменува. Имам јасна визија и планови Скопската зоолошка градина да прерасне во регионален центар и да се доближи до стандардите на зоолошките градини членки на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми – ЕАЗА“, наведува Кирков во својата изјава.

Дебатата околу неговиот избор продолжува, а јавноста очекува институционален одговор и јасни критериуми за избор на кадар кој ќе управува со една од најчувствителните јавни установи во градот која изминативе години остана без членство во ЕАЗА, но и без животни бидејќи голем дел изгинаа.

media-library3ieprs84tmtc4v5436i media-libraryid5lkd44iemgfNo8P9X

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library479p3iai9ige7KdZAtU

Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryuaro3bt3pc6nf0WY4xQ

Продолжи судењето за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина – сведочеа директорот Попов и ветеринар од АХВ

Скопје | пред 2 месеци

bizon

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Скопје | пред 3 месеци

57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

„Менаџментот на ЗОО Скопје потфрли, постои ризик од епидемија на туберкулоза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања