Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Кошничките“ на власта се целосно промашување, донесоа поголема скапотија за граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени кошнички се покажаа како целосно промашување. Цените не се намалија, туку за одредени производи и се зголемија“, вели СДСМ и додава:

„Кошничките“ донесоа поголема скапотија за граѓаните. Зејтинот, јајцата, шекерот, млечните производи, грашакот, гравот, леќата, сѐ е поскапено.

Оваа сурова реалност која граѓаните ја гледат во маркетите и продавниците секој ден е најголем показател за фарсата којашто ја приреди власта.

— реклама —

Од „кошничките“ се збогатија големите трговци, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на Мицкоски и ДПМНЕ.

Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат тоа –цените растат, граѓаните имаат се поголеми трошоци за живот а се помалку пари во цебовите.

— реклама —

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, основните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.

— реклама —

Политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата. Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка.

Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски сега ја анализира водата во Гостивар, додека граѓаните сѐ уште се трујат

Македонија | пред 12 часа

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

„100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените“, вели СДСМ

Македонија | пред 16 часа

media-libraryog87t9jodr220cKhxQe

СДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидери

Македонија | пред 19 часа

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

„Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин“, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања