Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Косовски државјанин избега од царинска контрола на Блаце, фатен во Скопје со дрога и нож

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryuvk0bpfirsha3SYLv78

Косовски државјанин е лишен од слобода откако побегнал при царинска контрола на Граничниот премин Блаце, оттурнувајќи царински службеник со своето возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, синоќа околу 22 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го уапсиле 24-годишниот Р.Е. од Косово.

— реклама —

Инцидентот започнал на ГП Блаце, каде за време на царинска контрола на неговото возило „БМВ“ со косовски регистарски таблички, тој го стартувал автомобилот, оттурнал царински службеник и го влечел неколку метри, по што избегал во правец на Скопје.

По преземени мерки, полицијата го запрела возилото и го привела осомничениот. При пребарување на теренот била пронајдена кеса со марихуана, а во автомобилот бил пронајден и џебен нож.

— реклама —

Според МВР, приведениот изјавил дека додека бегал фрлил и кеса во која имало два пиштола.

— реклама —

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 19 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 20 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања