Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Косовското обвинителство ги товари пет уапсени Срби за влијание врз гласачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
sud1d-22974-960x632-1

На петмина Срби, директори на српски здравствени и образовни установи, кои вчера беа уапсени во Грачаница, Косово, им е одредена мерка полициско задржување до 48 часа, потврди адвокатот Небојша Боричиќ.

Тој е адвокат на Бобан Петровиќ, директор на Електротехничкото училиште во Сушица, кој е меѓу уапсените.

— реклама —

Обвинителството на привремените институции во Приштина соопшти дека лицата се уапсени под сомнение за наводно сторено кривично дело „нарушување на слободното определување на гласачите“.

— реклама —

Постапката следува по тврдењата на министерот за заедници и враќање во технички мандат, Ненад Рашиќ, за наводни закани кон гласачи пред изборите на 7 јуни.

Членот на Претседателството на Српска листа, Игор Симиќ, изјави дека апсењето на директорите на српските здравствени и образовни институции на Косово и Метохија претставува обид за напад врз српскиот образовен и здравствен систем.

— реклама —

Тој додаде дека во тоа, како што наведе, директно учествувал Ненад Рашиќ, кој претходно ги посочил Србите на седница на владата во Приштина.

— реклама —

Според Симиќ, целта на апсењата е заплашување на српскиот народ и политичка корист за Рашиќ пред изборите.

Партијата „За слобода, правда и опстанок“ на претходните избори за Собранието на привремените институции освои еден од десетте загарантирани мандати за српската заедница. Според податоците на Централната изборна комисија во Приштина, дел од гласовите партијата ги добила и во средини каде што нема Срби во избирачките списоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Татко и тримесечно бебе пронајдени мртви во семејна куќа во Косово, уапсен дедото

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryr5dqtmqk50t1bxa0Pv5

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од магацин во Косово, полицијата истражува

Свет | пред 1 седмица

media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 2 седмици

kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања