Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Кошта потврди дека Мицкоски лаже – Вајц потврди дека реформи нема“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarythppdii899tk9On5Afy

Преку соопштение, СДСМ оцени дека пораките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и најновиот извештај на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, ги потврдуваат нивните тврдења дека Владата не испорачува реформи и ја манипулира јавноста во однос на европските интеграции.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека Кошта јасно порачал оти уставните измени се единствениот услов за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија, оценувајќи дека со тоа биле демантирани најавите за дополнителни гаранции, нова преговарачка рамка или уставни измени со одложено дејство.

— реклама —

СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски ги довел во заблуда граѓаните со ветувања дека ќе обезбеди подобри услови за преговорите со Унијата.

Во реакцијата се посочува и на извештајот на Вајц, во кој, според СДСМ, е констатиран недоволен напредок во областа на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата.

— реклама —

Партијата дополнително наведува дека европратениците предупредиле и на странско влијание и дезинформациски кампањи, што, според нив, претставува потврда на претходните обвинувања за поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ и владејачките структури во Србија.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека актуелната власт ја оддалечува државата од европската интеграција и ја води кон изолација и стагнација. Воедно, тие повторно побараа распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле за европската иднина на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања