Промени тема
Контакт

Костадинов: Продолжувам натаму, од срце за Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library38r38jq0l3vg2ilwjCp

Досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој не го криеше незадоволството бидејќи неговата партија не го кандидираше за втор мандат, денеска ја предаде функцијата на нивоизбраниот Петар Јанков, му честиташе и напиша на ФБ, но без збор за досегашните несогласувања со СДСМ:

„Секој мандат има свој почеток и крај.

Денес, функцијата Градоначалник на општина Струмица му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник, Петар Јанков.

Јавно му пожелувам, пред сѐ многу здравје и секако, успех во работењето, затоа што посветеноста на таткото на општината е секогаш успех за Струмица.

— реклама —

Сакам да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица како модерен, европски и зелен град, визија ина цела генерација Струмичани која верува во подобра иднина тука, дома.

— реклама —

Огромна чест и задоволство е да се води општина како Струмица и верувам дека со мојата јасна визија успеав да ги исполнам очекувањата на сите Струмичани. Заедно со мојот тим, во изминатите четири години ја создадовме најдобрата верзија на нашата Струмица. Проектите и резултатите се евидентни, а голем дел оставаат и траен белег во развојот на општината.

Се надевам дека со довербата која ја добив од струмичанки и струмичани ги исполнив нивните очекувања, а тие го препознаа вложениот труд и ангажман и денес ги живеат резултатите од мојот градоначалнички мандат. Во оваа прилика благодарам на сите за поддршката, но и за критиките кои секогаш нè прават подобри.

— реклама —

За сѐ има вистинско време и место. Да ги видиш и да ги согледаш е доблест, а да делуваш е моќ.

Кон нови победи и успеси, продолжувам понатаму, од срце за Струмица“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1pgeii86e2sdepJgCX

(Видео) Девојче не одговарало на телефон и не ја отворало вратата: Пожарникари со авто-скала се качиле до станот на четврти кат за да проверат дали е добро

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 2 седмици

media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvaqgsc3fhtjo8ohRKq0

(Видео) Силно невреме ја зафати Струмица: Ветрот корнеше дрвја и однесуваше покриви

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања