Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Костадиновски: Предметот за Законот за јазиците го следи „чуден сплет на околности“, решение се очекува следната година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library291vml23h54h57wUJlg

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека предметот за Законот за употреба на јазиците се очекува да биде решен во текот на следната година, нагласувајќи дека процесот не треба да се гледа како закана, туку како усогласување со Уставот – највисокиот правен акт во државата.

— реклама —

На денешната годишна прес-конференција, Костадиновски истакна дека улогата на Уставниот суд е да дејствува како „пријател“ на правниот систем, укажувајќи на неусогласеностите со Уставот кои пратениците треба да ги преточат во соодветни законски решенија.

„Нашата должност е да одговориме како Уставен суд и никој не треба да ги гледа нашите одлуки како закана или како одземање или давање права. Тие треба да се сфатат како можност да се врати состојбата на уставност и да се укаже каде постојат неусогласености“, рече Костадиновски.

— реклама —

Според него, крајниот резултат ќе биде значително подобар закон од постојниот, целосно усогласен со Уставот, од што директен бенефит ќе имаат граѓаните.

Костадиновски појасни дека целиот предмет го следи „неверојатен сплет на околности“, при што две подготвителни седници биле одложени од објективни причини. Првото одложување, како што рече, се случило неколку дена по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а второто по одлуката на Управниот суд со која бил изземен судијата известител по предметот.

„Во такви околности предметот оди кај друг судија известител, кој има рок од шест месеци. Рокот истече минатиот месец, а судијата побара уште еден месец за да го доработи предметот“, изјави Костадиновски.

Тој очекува предметот да го добие во текот на јануари, по што ќе инсистира на одржување подготвителна седница.

Во однос на одлуката на Управниот суд и можната политичка позадина, Костадиновски оцени дека таа отвора простор за сомнеж.

„Да беше донесена во рок од неколку дена или месеци по изборот на судијата известител, немаше да има никакви реакции. Но, по две години, природно е да се сомневаме. Здравата логика налага да имаме основ за сомнеж“, рече тој.

Претседателот на Уставниот суд нагласи дека мора да постои судска инстанца која ги оценува одлуките на државните органи, бидејќи во спротивно, како што рече, „би не свело на султанат“.

Тој не навлезе во суштината на пресудата на Управниот суд, но повтори дека целиот процес го следи „чуден сплет на околности“, потсетувајќи дека уште пред неколку месеци јавно го повикал законодавецот веднаш да ја поправи постојната законска празнина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 6 дена

ustaven-sud

Уставниот суд отвора редовни средби со граѓаните по повод 62 години од основањето

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjhv6kir83kod1UiOiHU

Жерновски: Советник на премиер за уставен судија е сигнал за потчинување на институциите

Коментари | пред 2 седмици

ustaven-sud

Сомнеж за повреда на владеењето на правото: Уставниот суд го отвори случајот со извршувањето над јавните институции

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања