Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Размена на судска практика и заеднички стручни средби: Македонија и БиХ ја унапредуваат соработката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-libraryaaibrnup0trb020OCVS

Уставните судови на Македонија и Босна и Херцеговина ќе ја продлабочат меѓусебната соработка, откако нивните претседатели, Дарко Костадиновски и Мирсад Ќеман, потпишаа Меморандум за соработка.

— реклама —

Меморандумот беше потпишан во рамките на билатералната посета на делегација на Уставниот суд на Македонија на Босна и Херцеговина, што се одржува од 22 до 25 ноември 2026 година.

— реклама —

Со документот се предвидува размена на стручни информации и уставно-судска практика, организирање заеднички семинари, конференции и стручни средби, како и други активности од заемен интерес. Целта е унапредување на партнерските односи, со целосно почитување на независноста и самостојноста на двата суда.

Во рамките на посетата беше одржана и стручна дискусија за надлежностите и улогата на уставните судови, нивната независност, како и почитувањето и спроведувањето на нивните одлуки.

— реклама —

На средбата беше оценето дека соработката меѓу двете институции е значајна за унапредување на уставноста и законитоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права и основните слободи.

— реклама —

Делегацијата на Уставниот суд на Македонија ја предводи претседателот Дарко Костадиновски, а во нејзиниот состав се и судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева, Фатмир Скендер и Мери Дика-Георгиевска, генералниот секретар Виолета Ѓорѓиевска и самостојниот советник за протоколарни работи Симона Герасимова-Јовановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2fjglumhc8ct5YyIK21

Египетска делегација во Уставниот суд, разговарано за судската заштита и вештачката интелигенција

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 3 месеци

ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања