Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Уставниот суд го укина Колективниот договор во културата, одлуката ќе важи од април 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Скопје
media-libraryjm5ke6stuti35blmuf4

Вработените во културата ќе добијат нов Колективен договор, откако Уставниот суд одлучи да го укине постојниот договор во целина, како и членот 78-љ од Законот за култура. Одлуката ќе стапи во сила на 1 април 2027 година, оставајќи им на Министерството за култура, синдикатите и другите социјални партнери речиси пет месеци за постигнување ново законско решение.

Според Уставниот суд, проблемот е во тоа што не постои јасно утврдена методологија за пресметка на платите. Судот смета дека основата за пресметување на платите, систематизацијата на работните места, степенот на сложеност и коефициентите треба да бидат утврдени во Законот за култура, а потоа дополнително разработени со Колективниот договор.

— реклама —
— реклама —

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, појасни дека одложеното стапување во сила на одлуката е предвидено за да им се остави време на засегнатите страни да постигнат договор и да ги ублажат последиците од укинувањето.

„Нашата работа не е да носиме одлуки кои се популарни или допадливи за некого, туку да го чуваме уставниот систем“, изјави Костадиновски, коментирајќи го протестот на вработените во културата пред Судот.

— реклама —

Судијата известител Татјана Васиќ-Бозаџиева посочи дека Собранието треба да го измени Законот за култура и да воспостави јасна формула за пресметка на платите, со утврдени работни места и соодветни коефициенти.

— реклама —

Колективниот договор во културата се применува од 2020 година, додека Законот за култура е донесен многу порано и во меѓувреме претрпел повеќе измени.

media-library3q142976rc9pbWJv2aU

(Видео) На уставните судии им отсвиреа погребен марш – симболична порака од вработените во културата

Со изведба во живо на „Funeral March of the Proletarians“, познат и како Лениновиот погребен марш, учесниците на протестот на Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ) денеска испратија симболична порака до уставните судии.Изборот на композицијата носи силна симболика. Погребниот марш на пролетаријатот е поврзан со историјата на работничките и револуционерните движења, со оддавањето почит на загинатите во борбата за работнички права, но и со идејата за колективен отпор и солидарност.Во контек

Македонија | пред 5 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryc1fobkt3ipfi3kfiar8

Уставниот суд избира нов претседател во среда, иако мандатот на Костадиновски истекува во јануари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryaaibrnup0trb020OCVS

Размена на судска практика и заеднички стручни средби: Македонија и БиХ ја унапредуваат соработката

Македонија | пред 2 дена

media-library2fjglumhc8ct5YyIK21

Египетска делегација во Уставниот суд, разговарано за судската заштита и вештачката интелигенција

Македонија | пред 2 седмици

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања