„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Костовски: Продолжуваме со работа, Бутел ќе добие два нови паркови и пет нови спортски рекреативни центри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarynbbhc11mq62rflAvuQu

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина „Бутел“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека ресурсите на општината се насочени на детските игралишта, јавните површини, локалните училишта, социјалната помош за ранливите категории.

— реклама —

Ги насочуваме ресурсите таму каде што најмногу се чувствува потребата, детските игралишта, јавните површини, локалните училишта, социјалната помош за ранливите категории, детските градинки, грижата за здравјето на граѓаните, и секако спортот истакна Костовски.

Костовски наброи дел од реализираните проекти во општината.

Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, училиште во Визбегово, плоштад, мега парк во Радишани, корито и уредена трим патека на Серава, 102 улици од кои голем број клучни сообраќајници, пет спортско рекреативни центри, 13 спортски терени, 10 детски игралишта, во образованието вложивме 215 милиони денари, во спортот направивме покрај клубовите, општината стипендира 400 спортисти, рече Костовски.

Костовски исто така потенцираше дека тендерот за изградбата на поликлиниката е веќе распишан и наброи дел од проектите на изборната програма.

— реклама —

Овие проекти се ветувани повеќе од 30 години, овие средства не беа ниту од кредит ниту од општината, туку директно негова заложба. Ви благодарам претседателе, тоа е историската поликлиника за којашто распишавме тендер и ќе се наоѓа на местото на старата амбуланта. Вториот проект е децениското барање за жителите од Љубанци да добијат нормална вода за пиење за нивните деца, и тој проект е реален. Ќе изградиме два нови мега паркови, нов културен дом, две нови училишта во Љубанци и Љуботен, три нови градинки во Радишани, Бутел и Визбегово и пет нови спортско рекреативни центри и многу други проекти, посочи Костовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Македонија | пред 5 дена

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања