„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ковачки: Очекувам масовна поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dragan-kovacki

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во третата изборна единица Драган Ковачки кој што истакна дека очекува масовна поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ како политичка структура која ќе ја сруши власта и која носи промени за поквалитетен живот, владеење на правото, и одговорност.

— реклама —

„Честа како носител е моја, и не само моја, имам и тим кој што работи, претседателите односно нашите општински комитети изборните штабови, сите пратеници кои што се на листата сите заедно работиме тимски за една голема победа која што ќе ја донесеме и ќе ја издвојуваме во изборната единица 3 за да му помогнеме на нашиот претседател Христијан Мицкоски да ја формира владата. Состојбата на терен е одлична се движиме помеѓу граѓаните, секојдневно сме таму добро сме прифатени и на сите им е дојдено преку глава од ова владеење на ДУИ и СДСМ и нивните полтрони кои што во изминатиот период буквално продадоа и распродадоа се што можеше да се продаде, крадеа се, а притоа никој не одговараше. Дојдено е времето за промени и граѓаните сакаат да си ја вратат Македонија во свои раце, да ја вратиме Македонија во твои раце и повторно да ја направиме горда и достоинствена и дома и надвор“ кажа Ковачки.

Ковачки додаде дека СДСМ и ДУИ ќе бидат жестоко поразени од граѓаните поради нивните штетни политики во изминатиот период.

— реклама —

“Анкетите се поблага форма од она на терен што е затоа што навистина е дојдено времето за промени и граѓаните го искажуваат тоа незадоволство буквално во секоја средба со нас. Мислам дека СДСМ и ДУИ нивните газди ќе бидат прилично изненадени од нивниот резултат и ќе бидат жесто поразени, пораз после кој што нема да можат да се соземат тоа го очекуваме и секако после тоа ќе следи одговорност за таа една мала клика која што ја има заробено државата, која што ги има заробено граѓаните да не можат да си излезат од сопствената земја со последниот пример, со пасошите“ кажа Ковачки.

Ковачки потенцираше дека очекува поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ како единствена политичка структура која ќе ја сруши власта и ќе донесе промени за поквалитетен живот, владеење на правото и одговорност.

“Нудеа Европа, нудеа отворени граници, отворен Балкан а дојде време Македонија да биде буквално една конзерва од која што не можете вие да излезете. Станува збор на буквална разочараност на граѓаните од власта. Апатијата полека преминува во ентузијазам тоа го гледаме на терен и граѓаните се волни да ни ја дадат поддршката јас очекувам масовна поддршка очекувам голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила која што може да ги порази сите овие структури кои што не и мислат добро на Македонија и кои што правеа зулуми во изминатиот период и тоа го знаат сите и сите граѓани ќе бидат обединети околу ВМРО-ДПМНЕ како единствена структура која што може да ја сруши власта и како структура која што нуди промени во државата за поквалитетен живот за владеење на правото за одговорност и почитување на човековите права“ нагласи Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања