Ковачки: Владата веднаш да го објави Протоколот, народот не поддржува бугаризација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Dragan-Kovacki-23.06.2022

„СДСМ и ДУИ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и знаат дека работат спротивно на народната волја, тие се подготвени да направат национално предавство, и сето тоа го правдаат со сликање кое ќе го добијат за некаков наводен почеток на преговори“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

Затоа и го кријат протоколот со кој се бугаризира Македонија, се бугаризираат македонските херои и со кој на Бугарија и се дава можност да се повикува на документ со кој самите ќе се согласиме да се бугаризираме.

— реклама —

Иако најавија дека ќе го објават, иако бугарската министерка за надворешни, Генчовска јавно кажа дека протоколот е потпишан, сепак македонското МНР го крие протоколот од јавноста. А кога нешто криете, јасно е зошто тоа го правите.

Владата е должна да го објави протоколот.

Парадоксот да биде уште поголем, пратениците на СДСМ повикуваат да дадеме поддршка на еден лист хартија што е доставен до Собранието и за нешто што и самите го немаат видено.

А дека токму историјата е дел од преговорите и се подготвува бугаризација потврди и Пендаровски.

Ковачевски ги вовлекува пратениците од СДСМ да гласаат нешто што е во спротивност на македонските национални интереси и закони.

Пратениците на СДСМ се ставени во улога на гласачка машина за предлогот кој Ковачевски се согласил да го протурка на штета на македонските интереси.

Власта мора да ја слушне силата на аргументите, да престане да ја силува демократијата во државата и да престане да ја поларизира состојбата за која е директно одговорна.

ВМРО-ДПМНЕ останува на цврсти позиции, промена на Устав - не доаѓа во предвид.

Македонија е на нозе. Обединета.

Продолжуваме со протести, се гледаме во 19.00 часот пред Влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања