Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Краделе клима-уреди од училишта и компании: Грчката полицијата разби организирана група

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryp65321rj0av4dEqv8gM
фото: unsplash

Грчката полиција уапси тројца мажи осомничени дека биле дел од организирана група која крадела надворешни единици од клима-уреди во училиштата и деловните објекти во јужните предградија на Атина.

— реклама —

Според истрагата, осомничените, на возраст од 41, 38 и 36 години, најмалку од февруари годинава вршеле кражби на надворешни климатизациски единици.

— реклама —

Полицијата досега ги поврзала со пет кражби, од кои три биле извршени во државни училишта во крајбрежното предградие Глифада.

Истражителите наведуваат дека за да избегнат откривање, членовите на групата користеле три различни возила и ги менувале автомобилите за време на извршувањето на кражбите.

— реклама —

Тројцата биле приведени во соседната населба Вула, каде што полицијата пронашла четири клима-уреди, делови поврзани со нив, како и голема количина алат за која се сомнева дека била користена при извршувањето на кривичните дела.

Истрагата за случајот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 1 ден

— реклама —
media-library59hptidl3jcr7AKEZSa

(Видео) Солун ќе биде наш и овој продолжен викенд

Македонија | пред 1 ден

media-library9ejd67920cac56Aek3z

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години

Свет | пред 1 ден

media-libraryglb22uj4ohm38V22BUD

Се претставиле како полицајци и ја измамиле: Жена оставила 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре во Грција

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања