Промени тема
Контакт

Краповски: „Охридско лето“ не е само задоволство, туку и престиж за македонските уметници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-library2g1h3t62u7c1cbu9Llc

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ансамблот „Алтус“  познат по  изведбата, афирмирањето и  зачувувањето на  класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер  беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот  на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија  сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката Елена Стојческа,  кларинетистот Игор Иванов, гитаристот Роман Петиот, пијанистката Маријана Николовска, виолинистот Мартин Димитров, Александар Лаовски на виола и Паскал Краповски на виолончело.

media-libraryp42h0m5dummc9AzFGZ9

Извонредниот виолончелист Паскал Краповски рече дека ова е трето нивно учество во рамки на „Охридско лето“, што според него, е знак за континуитет и докажани концерти кои очигледно даваат ефект за да продолжи таквиот континуитет.

— реклама —

-За нас, како и за секој македонски уметник,  најпрестижниот фестивал во Македонија, „Охридско лето“  не е само задоволство, туку и престиж бидејќи самиот фестивал си ја носи тежината. Искуството  што ние го споделуваме со публиката и тоа што ние го доживуваме е нешто што е незаменливо, нема цена, нема зборови со коишто може да се објасни. Чувството на сцена го носиме ние, го доживуваме и тоа е прекрасно, посебно во  простор како црквата „Света Софија“, изјави Краповски.

— реклама —

На синоќешниот репертоар беа прекрасни изведби на дела од современите македонски композитори Панде Шахов, Дарија Андовска, Дамјан Темков, Ангел Спироски и Томислав Зографски, но и композиции од  Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Андре Капле, Гијом Конесон, Х.Вила-Лобос, Мануел де Фаља и Астор Пјацола.

media-library7pf32tui8f0fdx8hibo

-Со оглед на тоа што ние сме ансамбл за современа музика, се трудиме да ја негуваме македонската современа класична музика како нешто квалитетно не само дома, туку да ја презентираме и надвор. Направивме една колажна програма која го опфати  нашиот домен на интерес, но сепак настапуваме на фестивал којшто се одржува во лето, а без летна музика не може, додаде виолончелистот Краповски.

— реклама —

Ансамблот „Алтус“ кој уште од самите почетоци на своето постоење е одлично пречекан од страна на стручната јавност, во 2024 година ја  доби и наградата „Георги Божиков“ што ја доделува СОКОМ како признание за најуспешна  јавна изведба на дела од македонски композитори.

media-libraryc9rb9t2jmsca8ayEO2a

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања