Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Крипто-проектот на Трамп соработува со компанија која нуди кинески AI модели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2
The White House

Крипто-проектот World Liberty Financial, поврзан со американскиот претседател Доналд Трамп, соработува со хонгконшката компанија WorldClaw, која на корисниците им овозможува пристап до десетици кинески модели на вештачка интелигенција, објави „Ројтерс“.

WorldClaw нуди 90 модели на вештачка интелигенција, од кои 43 се развиени од кинески компании, меѓу кои Alibaba, Baidu и Z.ai. На платформата се достапни и модели на американски компании, вклучително и OpenAI и Anthropic.

— реклама —

Услугата може да се плаќа со стабилната криптовалута USD1, издадена од World Liberty. Семејството на Трамп поседува 38 отсто од компанијата и остварува приходи од користењето на нејзините крипто-токени.

Иако соработката меѓу World Liberty и WorldClaw не е незаконска, ниту користењето кинески модели на вештачка интелигенција во САД, експерти за „Ројтерс“ предупредуваат на потенцијален судир меѓу политиката на администрацијата на Трамп кон кинеските технолошки компании и деловните интереси на неговото семејство.

На платформата се достапни модели на Alibaba и Baidu, компании кои американското Министерство за одбрана ги означило како поврзани со кинеската војска. Достапни се и модели на Z.ai, поранешна Zhipu AI, која се наоѓа на црната листа на американското Министерство за трговија поради наводен придонес кон кинеската воена модернизација.

— реклама —

WorldClaw нуди и модели на DeepSeek и Moonshot, компании кои американски претставници ги обвиниле за кражба на интелектуална сопственост од американски конкуренти. Кинеските компании ги оспоруваат дел од обвинувањата, додека Alibaba негира дека е поврзана со кинеската војска.

Белата куќа ги отфрла тврдењата за судир на интереси. Портпаролката Ана Кели изјавила дека таков судир „не постои“ и дека Трамп „работи исклучиво во најдобар интерес на американската јавност“.

— реклама —

Од World Liberty, пак, нагласуваат дека WorldClaw е независна компанија и посочуваат дека и големите американски технолошки компании им овозможуваат на корисниците пристап до кинески модели на вештачка интелигенција.

Поврзаноста меѓу компаниите не се сведува само на плаќањето со токени. Рајан Фанг, еден од директорите на World Liberty, работи како надворешен советник на WorldClaw, додека Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп јавно ја промовирале компанијата на мрежата X.

Според претходна пресметка на „Ројтерс“, семејството Трамп досега заработило повеќе од 1,4 милијарди долари од продажбата на токени на World Liberty. „Ројтерс“ не успеал да утврди колку од таа сума е заработена конкретно од трансакции поврзани со WorldClaw.

WorldClaw тврди дека неговиот систем WorldRouter има повеќе од 10.000 корисници и дневно обработува над 50 милиони барања.

Експертите предупредуваат дека користењето кинески модели може да отвори прашања поврзани со заштитата на податоците, цензурата и безбедноста. Од WorldClaw наведуваат дека можат да споделуваат кориснички податоци со давателите на моделите, но тврдат дека применуваат мерки за заштита на приватноста и безбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) „Одвратен си, изгледаш ужасно“: Трамп со жестоки навреди кон новинар откако му поставил непријатно прашање

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп му даде зелено светло на Ел Салвадор за голема воена операција на Хаити

Свет | пред 2 дена

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп размислува за ублажување на санкциите врз рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања