Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Општина Радовиш излезе со итни насоки: Маски, затворени прозорци и ограничено движење, да се избегнува престој на отворено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0og93ig31f3kaqfImc3

Општина Радовиш соопшти дека пожарот на градската депонија, кој избувнал во петокот попладне, сè уште не е целосно изгаснат, иако во последните два дена нема активен пламен, туку густ чад што се шири над градот.

— реклама —

Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, информираше дека општината, заедно со противпожарните служби и јавните претпријатија, е целосно ангажирана во справување со состојбата.

Според него, по препорака на институции со искуство во вакви интервенции, било одлучено депонијата да се затрупува со песок и земја со цел да се задуши чадот и да се стави пожарот под контрола.

— реклама —

Во меѓувреме, Кризниот штаб одржал неколку состаноци и, во консултација со Центар за јавно здравје – Штип, биле донесени препораки за заштита на населението.

— реклама —

Граѓаните се повикани да избегнуваат непотребен престој на отворено, да ги држат затворени прозорците и вратите, да користат заштитни маски и да избегнуваат спортски и рекреативни активности на отворено.

Посебни препораки има за децата, постарите лица, бремените жени и хронично болните, кои треба да престојуваат во затворени и заштитени простории.

— реклама —

Од Општината апелираат на смиреност и почитување на препораките додека траат активностите за целосно локализирање на пожарот.

media-libraryeialvtagu0839bKNesN

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Повторно запалено градското ѓубриште во Радовиш, сомнежи за подметнат пожар

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryd0r9lastuq4p5thrLxP

(Видео) Пет нови жаришта на радовишката депонија, претпријатието се сомнева во намерно палење

Настани | пред 3 седмици

media-libraryvdp9dn6gkjj0eboMVON

(Фото) Пожарникарите од Радовиш со драматична борба го изгаснаа пожарот во поранешен „Декортекс“

Македонија | пред 4 седмици

media-library0m0oquh2va851PzSZ7c

(Видео) Пожарот во Радовиш под контрола: Неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници во пожарот во Радовиш

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања