Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Крмов: За „Сејф сити“ ќе бараме скалесто казнување, казните мора да зависат од примањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq
YouTube/Print Screen

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека партијата ќе поднесе измени на Законот за прекршоци, преку кој треба да профункционира системот „Сејф сити“, со посебен фокус на висината и начинот на изрекување на глобите.

— реклама —

Крмов истакна дека Левица ќе бара воведување скалесто казнување, односно казните да се утврдуваат според финансиската моќ на прекршителите.

— реклама —

„Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 евра и луѓе со примања од 50.000 евра“, рече Крмов од собраниската говорница, нагласувајќи дека еднаквите казни во пракса создаваат нееднаквост и социјална неправда.

— реклама —

Говорејќи за предложените измени на Законот за прекршоци, Крмов оцени дека законското решение не е совршено, но најави дека пратеничката група на Левица ќе го поддржи, бидејќи сметаат дека системот „Сејф сити“ може директно да придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спасување човечки животи.

— реклама —

Тој додаде дека се очекуваат дополнителни корекции „во од“, како што најави и власта, при што Левица ќе излезе со сопствени конкретни предлози и побара поддршка од владејачкото мнозинство за нивно усвојување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Дали Обвинителството ќе ја прошири истрагата кон судијката-тетка на насилникот Корабоски, Гордана Билеска, за која се сведочи дека се обидела да влијае врз доказите?

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара - кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Кој го штител насилникот од “угледна“ вмровска фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“, велат од Левица

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Додека цените на храната рушат рекорди, а народот останува гладен, ДПМНЕ нѐ убедува дека сѐ е бајковито во третата европска економија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања