Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Крвав удар врз Киев пред самитот на НАТО: Најмалку 11 загинати, десетици повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library5fg5jbf3krhm06HrwYa

Најмалку 11 лица го загубија животот, а 46 се повредени во нов масовен руски напад врз Киев, втор во изминатите неколку дена. Меѓу повредените има и пет деца, додека спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани под урнатините на оштетените станбени објекти.

— реклама —

Шефот на Киевската воена администрација, Тимур Ткаченко, соопшти дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми, бидејќи спасувачките операции продолжуваат на повеќе локации низ градот.

— реклама —

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека руски балистички проектили погодиле неколку станбени згради, при што избувнале големи пожари и биле предизвикани значителни материјални штети.

Нападот се случи непосредно пред самитот на НАТО во Турција, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Само неколку часа пред нападот, Зеленски предупреди дека постојат информации за можен голем руски удар врз украинската престолнина, четири дена по претходниот напад во кој загинаа 31 лице.

— реклама —

Од Москва повторно соопштија дека нивните напади се насочени кон воени и енергетски цели, наведувајќи дека станува збор за одговор на неодамнешните украински напади врз руска територија, при кои беа погодени и неколку рафинерии.

— реклама —

Во пресрет на самитот на НАТО, Зеленски уште еднаш ги повика западните сојузници да ја забрзаат испораката на ракети со долг дострел, а од Соединетите Американски Држави побара и лиценца за производство на ракетните системи „Патриот“ во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 4 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 13 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања