„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Крвави донации“: Деца со рак користени за глобална измама вредна милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarylklgfmole5lvee6aMTI
BBC

Истражување на Би-Би-Си откри глобална мрежа на измамници кои брутално ги искористувале децата заболени од рак за да собираат милиони долари преку лажни хуманитарни кампањи, оставајќи ги семејствата без пари, а често и без надеж. Родители од различни делови на светот биле убедувани да дозволат снимање потресни видеа со нивните болни деца, при што измамниците користеле и крајно нечовечки методи за да предизвикаат солзи и емоции, додека најголемиот дел од донациите завршувале во приватни џебови.

— реклама —

Една од најпотресните приказни е онаа за седумгодишниот Калил од Филипините. Неговата мајка Алјин прифатила снимање видео со надеж дека ќе собере средства за лекување на својот син. Снимањето било режирано како филмска сцена – на детето му ја избричиле главата, го приклучиле на лажна инфузија и го терале да учи текст на англиски јазик. За да заплаче, му ставале исечкан кромид покрај лицето и ментол под очите. Иако на негово име биле собрани околу 27.000 долари, на семејството му било кажано дека кампањата пропаднала и добиле само 700 долари како „надомест“. Една година подоцна, Калил починал. Неговата мајка вели дека никогаш нема да престане да се прашува дали детето ќе било живо доколку парите навистина стигнеле до нив.

Би-Би-Си идентификувал најмалку 15 семејства со слични искуства, од кои девет тврдат дека не добиле ниту еден долар, иако во нивно име биле собрани околу четири милиони долари. Свиркач открил дека децата биле селектирани според „визуелниот ефект“, при што се барале „убави деца на возраст од три до девет години, без коса“. Како клучна фигура во мрежата бил идентификуван Израелецот Ерез Хадари, со живеалиште во Канада, поврзан со повеќе наводни добротворни организации.

— реклама —

Истрагата започнала во октомври 2023 година, кога новинарите наишле на вознемирувачка реклама на Јутјуб во која девојче од Гана низ солзи вели: „Не сакам да умрам“. Кампањата наводно собрала речиси 700.000 долари. Потоа биле откриени десетици слични, професионално продуцирани видеа со болни деца од целиот свет, најчесто под името на организацијата „Chance Letikva“ („Шанса за надеж“), регистрирана во Израел и САД.

Со користење геолокација, социјални мрежи и софтвер за препознавање лица, новинарите ги пронашле семејствата зад видеата – од Колумбија до Филипините. Во Колумбија, таткото Серхио Каре раскажал дека му била понудена „помош“ за неговата осумгодишна ќерка Ана, која имала тумор на мозок. Во болницата се појавил човек кој подоцна го препознал како Хадари. Иако кампањата наводно собрала околу 250.000 долари, на семејството им било кажано дека видеото никогаш не било објавено.

Сличен случај бил откриен и во Украина, каде мајката на петгодишната Викторија, која боледува од рак на мозок, воопшто не знаела дека постои кампања во име на нејзиното дете. Кампањата, според податоците, собрала повеќе од 280.000 евра, но семејството не добило ништо. Подоцна било утврдено дека снимањето било организирано без одобрение на клиниката, која ја прекинала соработката со одговорното лице.

Истрагата покажала дека името на Ерез Хадари се појавува во регистрациите на повеќе организации, меѓу кои „Walls of Hope“, „Saint Teresa“ и „Little Angels“. Кога семејствата барале објаснување, им било кажувано дека парите се потрошени за рекламирање, иако експертите наведуваат дека ваквите трошоци не смеат да надминат 20 проценти од собраните средства. Обидите да се пронајдат канцелариите на организациите на наведените адреси биле неуспешни.

И покрај разоткривањето, дел од кампањите и понатаму се активни и собираат донации, дури и во име на деца кои веќе починале. Американскиот огранок на „Chance Letikva“ се поврзува со нова организација под името „Saint Raphael“, која веќе продуцирала нови видеа.

Би-Би-Си се обидел да стапи во контакт со Хадари, кој кратко одговорил дека организацијата „никогаш не била активна“, без дополнителни појаснувања, по што престанал да одговара. Во меѓувреме, на малата Викторија повторно ѝ бил дијагностициран тумор на мозок. „Кога вашето дете се бори за живот, а некој заработува на тоа – тоа е валкано. Тоа е крвав пари“, порача нејзината мајка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvgor12uov2j54rVjFhJ

(Видео) Децата повеќе нема да патуваат во Белград на дијализа - Јанчев со Кожувчанка го решија најтешкиот детски здравствен проблем

Македонија | пред 2 месеци

media-library0i54nto5gv3r9LhTi4X

Пациентка со рак бара помош: „Нема хемотерапија на Онкологија, лековите ги купувам од други држави“

Македонија | пред 3 месеци

donacii-kocani

Повредените од „Пулс“ и натаму зависат од донации, ниту третата тура компресивна облека не беше платена од државата

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-31-at-13.10.12

Потребни сме: Теодора (10), четири години се бори за својот живот, треба да и се трансплантира срце во странство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања