Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кучиња од Албанија со ушни маркици најдени на улица во Скопје, тврди Анима Мунди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx
ФБ

Нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни, реагира денеска Анима Мунди. Истовремено алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага за сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава што веќе директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и самото владеење на правото.

— реклама —

Во општина Карпош, во изминатите денови, се појави нова глутница кучиња - животни кои се целосно непознати за локалното население, кои не се дел од постоечката улична популација и кои се појавија буквално преку ноќ. Станува збор за нестерилизирани и необележани кучиња, што јасно укажува дека ова не може да биде природен прираст, туку насилна дислокација.

Јавно и одговорно тврдиме дека станува збор за организирано внесување кучиња, затоа што ЈП „Лајка“ нема оставено, ниту пак има испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје. Граѓаните со години ги познаваат кучињата во своите маала - овие животни не се нивни. Дополнително, нашето здружение на терен пронајде кучиња со ушни маркици од Република Албанија, на улица во Скопје, факт кој отвора исклучително сериозно прашање за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни.

— реклама —
— реклама —

БАРАМЕ целосна проверка на сите безбедносни камери, јавни и приватни, на локациите каде кучињата се појавиле, како и на сите влезно-излезни правци кон Скопје.

Бараме МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој, како и од каде ги транспортира и истовара овие животни, затоа што ова не е изолиран чин, туку логистички организирана активност.

Масовното напуштање и дислоцирање на кучиња претставува суровост, но и сериозна општа опасност. Затоа Анима Мунди одамна бара измена на законската рамка. Поднесовме конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со кои бараме најстрого регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и предлог-измени на Кривичниот законик со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност ќе се третираат како кривични дела, по примерот на Република Хрватска.

Истовремено упатуваме јавен и итен повик до ЗЕЛС - ова прашање мора да се отвори и дискутира на ниво на сите градоначалници. Секоја општина мора да ја третира проблематиката со уличните кучиња хумано и согласно закон: со масовна стерилизација, јасна евиденција и најстроги санкции секаде каде што ќе се утврди доказ за масовно дислоцирање.

Јасно укажуваме: ниту Лајка , ниту било кое јавно претпријатие, НИТУ СТО ЛАЈКИ не можат да го решат овој проблем во услови на институционална инертност и толерирање на криминал. Ова не е проблем на една општина. Ова е системска злоупотреба и мора да биде санкционирана.

Бараме истрага, одговорност и итни мерки веднаш и насекаде за да се фатат сторителите и најстрого одговараат, согласно закон!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydrkpfggegl615FzL90S

(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

Скопје | пред 5 часа

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Скопје | пред 4 дена

media-library1ed86h0hgj85cewYQzq

(Видео) Независни за Карпош бараат мерки: Кучињата од Кичево и Албанија да се вратат назад под итно!

Скопје | пред 6 дена

media-librarygc872iaj0her6KOTKt0

(Видео) Маж бегаше од глутница кучиња која повторно се појави во Карпош 4, жителите стравуваат за безбедноста

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања