Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Цените не се намелни, владината мерка нема никаков ефект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
kuzeska

,,Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените.

На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи.

— реклама —

Само еден вид на леб на пример е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.

За дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени.

— реклама —

Закаснетата реакција на Владата и неефикасните мерки немаат никаков реален ефект.

Граѓаните со право реагираат дека живеачката станува се поскапа. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци.

Минималната синдикална кошничка е зголемена на 61.306 денари овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец.

— реклама —

Во исто време, просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Одлуката на владата на Мицкоски да ги замрзне платите е погрешна.

Последиците од ова ги трпат граѓаните на Македонија и значат директен удар на нивниот стандард.

— реклама —

Ваквите неуспешни политики на Мицкоски само го зголемуваат товарот врз граѓаните и го отежнуваат нивниот секојдневен живот.

Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.”, вели Кузеска, портпарол на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања