Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Кузмановска: Европската Унија е единствениот реален пат за подобра иднина на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефанија Кузмановска, се обрати на годишната конференција во рамки на Програмата „Вили Брант“ за проширување на Европската Унија, на тема „Проширување на ЕУ за новата генерација: Зајакнување на младите“, во организација на Групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент, како што наведуваат СДСМ во партиското соопштение.

— реклама —

Во своето обраќање, Кузмановска истакна дека европската перспектива на Македонија е загрозена и блокирана од актуелната власт, додавајќи дека сè поголем број млади ја напуштаат државата и својата иднина ја гледаат надвор од земјата, стои во сооопштението.

— реклама —

Таа посочи дека сегашната влада се претставува како проевропска, но нема политичка волја за спроведување на клучните реформи, особено во делот на владеењето на правото, што според неа придонесува за одлив на млади луѓе и кадар кон земјите членки на ЕУ, стои во сооопштението.

— реклама —

Кузмановска нагласи и дека кај младите расте евроскептицизмот, што го поврза со дезинформации и влијание на анти-европски наративи, при што порача дека тоа претставува аларм за прогресивните политички сили, како што се наведува со соопштението.

Во соопштението се наведува дека во завршницата од обраќањето, таа истакна дека младите мора да бидат активно вклучени во процесите од национален интерес, нагласувајќи дека Европската Унија е единствениот реален пат за економска сигурност, социјална стабилност и долгорочен просперитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 6 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 22 часа

media-libraryn5v4vrilt7918h7a08U

„Последни претања на Платформата – ЗНАМ 2.0 – од Левица до Црвенковски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања