Промени тема
Контакт

Квартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијата 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-libraryc2ve5jpp2e3mcA9M4K7

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од  фестивалот  „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер  на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје.

Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на големо воодушевување и прием кај публиката која уживаше во секој отсвирен тон од страна на француските музичари.

— реклама —
media-librarypobjdji818tv29oxFXB

-Ова е првпат да дојдеме овде и навистина беше задоволство да ја откриеме оваа прекрасна црква и нејзината извонредна акустика, изведувајќи програма која е многу деликатна и сложена, како за нас, така и за публиката. Беше вистинско задоволство што можевме да придонесеме луѓето да го откријат Квартетот на Форе – француско дело што со задоволство го изведовме годинава. А тука беше и  Гудачкиот квартет  бр.14  од Бетовен, чие дело за нас претставува апсолутно ремек-дело, изјавија членовите на „Хермес“ кои веднаш по завршувањето на концертот заминаа во Франција зашто како што најавија, летово им претстојат  многу концерти.

— реклама —
media-library33ece79h9qve7SAKqel

Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл.Виолончелистот Јан Левионоа свири на инструмент изработен од  Давид Течлер во 1703 година кој му е даден на користење од страна на приватни донатори.

— реклама —

Вчерашниот концерт на квартетот „Хермес“ го проследија претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на фестивалот  и заменик-амбасадорот на Франција во земјава, Филип Маршето.

media-library1h10jbljolnscxvpXsD

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања