„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лазаревска и Танески:Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

MEGA9882

Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно!  Гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита. Обезбедени се сите мерки за заштита од Ковид. Важно е да се гласа. Се носи голема одлука!

— реклама —

Одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските и за иднината на земјата, истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од СДСМ за ИЕ 5 Лазе Танески.

Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!  Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?

— реклама —

Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија, запраша кандидатот за пратеник од СДСМ за ИЕ 5, на денешната прес конференција Жаклина Лазаревска.

Немојте да мислите дека работата е однапред завршена!

Не е доволно само да веруваме дека СДСМ ќе ја води следната влада.  Секој од нас да преземе чекор и да учествува во големата одлука.  Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години. Ако останеш дома на власт ќе се врати Груевски. Потребно е секој да излезе на 15 јули, да гласа и да учествува во потврдата на победата, истакна Танески.

 По што Лазаревска додаде:

Во моментов нема подобра опција за државата од Заев и СДСМ. Не смее да се ризикува да се врати ВМРО, тоа ќе донесе хаос во државата. Ако останеш дома, на власт ќе се врати Груевски. Излези и гласај! Со Заев одиме напред, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност.

Глас за ДУИ е глас за Мицкоски. Мицкоски е слуга на Груевски, истакна Лазаревска.

Танески продолжи:

Знаеме дека можевме и подобро. Знаеме дека не ги исполнивме сите ваши очекувања. Знаеме дека направивме и грешки.

Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме.

Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ, рече Танески.

-Замислете како ќе изгледаше справувањето со Ковид ако ДПМНЕ ја водеше владата. Погледнете што се случува низ земјите во регионот и Европа.

На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе?

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните, истакна Лазаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3373

Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски, вели Костовски

Македонија | пред 6 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Македонија | пред 6 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има, а се штитат виновниците, вели СДСМ

Македонија | пред 7 месеци

Mitko-T-SDSM

Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето, рече Трајчулески

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања