Промени тема
Контакт

Лажна дојава за бомба во училиште кај Травник, евакуирани и трговски центри во Сараево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
bomba

Средното училиште во Нова Била кај Травник утрово е евакуирано по дојава за поставена бомба, но по антитерористички преглед е утврдено дека заканата била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Среднобосанскиот кантон во Босна и Херцеговина.

Според информациите, директорот на училиштето добил заканувачка електронска порака за наводно поставена експлозивна направа, по што веднаш била извршена евакуација на учениците и вработените. По детална проверка на објектот било потврдено дека станува збор за лажна дојава.

— реклама —
— реклама —

Во исто време, во Сараево во тек се проверки и евакуации на два големи трговски центри, откако исто така биле пријавени закани за бомба. Објектите се испразнети, а полициски тимови вршат проверки на терен.

— реклама —

Полицијата и надлежните институции, во соработка со обвинителството и други безбедносни агенции, работат на идентификација на лицата кои ги испратиле заканувачките пораки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhas25pg938mi84AC6uh

Во Хрватска условно осуден државјанин на БиХ поради величење на Ратко Младиќ на социјалните мрежи

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjgngniqbodj76Y8PcUA

Голем пожар во Босна и Херцеговина: Хеликоптер исфрли 22.000 литри вода

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Маж загина додека гасел пожар во Босна и Херцеговина

Балкан | пред 3 седмици

Dodik-1

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го одби барањето на Додик за укинување на законот по кој беше осуден

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања