„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лажно видео со Игор Џамбазов предизвика бурни реакции: „Срам да ви е! Ни ова не знаете да го направите како што треба“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Магазин
Screenshot_62

На социјалните мрежи деновиве се шири лажно видео, изработено со вештачка интелигенција, во кое „главен лик“ е познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов. Видеото е стилизирано како телевизиски прилог со сензационалистички наслов: „Игор Џамбазов ги нападна претставниците на фармацевтската индустрија со зборовите: Убијци во бели мантили“.

— реклама —

Монтажата дополнително содржи фотографии на кои Џамбазов е прикажан во лисици, спроведен од полиција, како и исечоци од едно негово претходно интервју кои се злоупотребени и извадени од контекст. Во видеото се тврди дека тој физички нападнал група фармацевти бидејќи му бил забранет „лекот на доктор Илир Демири“, за кој наводно тврдел дека го спасил од инвалидска количка.

— реклама —

Следува и „лажно сведоштво“, во кое компјутерски генериран глас, што наликува на гласот на Џамбазов, раскажува за наводна борба со артритис и хронична болка, тврдејќи дека стотици илјади денари биле потрошени на безуспешни терапии.

Оваа дезинформација брзо се прошири на интернет и ги вознемири и јавноста и самиот Џамбазов, кој остро реагираше на својот Instagram профил: „Е не сте нормални... вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да ви е! И арам! П.С. Башка од авион се гледа дека ‘тепачот’ е Тони Михајловски, не сте се потрудиле баш. Ни ова не знаете да го направите ко што треба. Бедници...“

Случајот отвора нова сериозна дискусија за злоупотребата на технологијата, особено вештачката интелигенција, во создавање лажни вести и компромитирачки содржини со цел дезинформација и манипулација на јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Да станев пратеник немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели Џамбазов

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-15-at-09.23.13

(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Џамбазов раскажа тешка епизода од неговиот живот: Одбил „нестварна сума“ за митинг, додека немал пари ни за струја

Магазин | пред 3 месеци

dzambazov-mavrovo

(Видео) Училиштето каде пред неколку години Џамбазов пречека само едно прваче, годинава има четири нови дечиња

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања