Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Жртвата на илинденците е наш вечен завет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryk39ceoiegcn5a6UxH9d

Либерално-демократската партија (ЛДП) упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, истакнувајќи дека празникот е симбол на борбата за слободна и самостојна Македонија.

— реклама —

„Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија“, наведуваат од ЛДП.

Од партијата порачуваат дека стремежот на илинденците станал денешна реалност, а нивната жртва останува траен завет за идните генерации.

— реклама —

„Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет“, стои во честитката.

— реклама —

ЛДП им оддава почит на сите кои, како што велат, се бореле и го дале најскапото за слободна држава.

„Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и градиме со чест, достоинство и љубов“, порачуваат од партијата.

Во честитката ЛДП на граѓаните им го честита Денот на Републиката со пораката: „Честит 2 Август, Ден на Републиката! Нека е вечна!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc50roh5s7uibcDbhplk

Нова инфраструктура во Илинден: Реконструирана улица долга 1.200 метри

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarycmvsq0ba93h37lY6OZS

Над 150 првачиња од Илинден добија по 3.000 денари и училишен прибор

Скопје | пред 2 седмици

media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Во недела посебен сообраќаен режим во Илинден поради атлетска трка

Скопје | пред 4 седмици

media-librarylur8gk2jim4afhL6VmX

Илинден ја зголеми помошта за новороденчиња на 6.000 денари, по 3.000 денари добива и секое прваче

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања