Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Леброн Џејмс ги напушта Лејкерс, ќе игра за Филаделфија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Спорт
media-libraryi7o6u6krmpj7dsIQpSC

Еден од најголемите трансфери ова лето во НБА лигата е завршен – Леброн Џејмс кариерата ќе ја продолжи во редовите на Филаделфија Севентисиксерс, објави „ЕСПН“.

Со овој трансфер, Филаделфија ќе стане четвртиот клуб во кариерата на Џејмс, кој во НБА настапува од 2003 година. Легендарниот кошаркар беше избран како прв пик на драфтот од Кливленд Кавалирс, а во текот на кариерата играше и за Мајами Хит, пред во 2018 година да се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

— реклама —

По завршувањето на минатата сезона стана јасно дека Џејмс ќе ја промени средината, а изборот падна на Филаделфија.

Севентисиксерс летово значително го засилија тимот во обид да стигнат до шампионската титула. Претходно во голема размена од Бостон Селтикс беше ангажиран Џејлен Браун, а во составот веќе се и поранешниот МВП на НБА, Џоел Ембид, Тајрис Макси и перспективниот бек В. Џеј. Еџкомб.

— реклама —

Според американските медиуми, со доаѓањето на Џејмс, Филаделфија создаде еден од најсилните состави во лигата и сериозно ги зголеми амбициите за освојување на шампионскиот прстен во новата сезона.

— реклама —

Веста за трансферот прв ја објави новинарот Шамс Чаранија од „ЕСПН“, повикувајќи се на потврда од долгогодишниот агент на Џејмс, Рич Пол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymats974lv0pi3A36r78

Пау Гасол со совет за Вембањама: Мора физички да зајакне

Спорт | пред 5 дена

media-librarymats974lv0pi3A36r78

Вембањама потпиша нов договор со „Најк“

Спорт | пред 1 седмица

media-library9q204def4te71TlVihj

Големо признание за 16-годишниот Лукиќ – доби повик во сениорската репрезентација на Србија

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryjq1du7msb8lqf2iViOS

Ненад Димитријевиќ е нов член на Арис

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања