Промени тема
Контакт

Лефков: Ограбена држава - Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Milelefkov

,,Ограбена држава- Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ.

Со години фирмите на Дрин и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети вртеле милиони со помош на државни органи, дали заради концесии кои ги имаат добиено од државата или пак од тендери, секогаш клучен фактор била политичката моќ на ДУИ и СДС.

— реклама —

Во наредниве денови ќе презентираме низа случаи под серијалот "Ограбена држава", кои ќе покажат како Македонија била оштетувана за милиони.

Денеска почнуваме со случајот на Дрин Ахмети и кривичната пријава која МВР ја поднесе против него, неговиот брат Бесијан и службеници во министерството за економија под капа на ДУИ.

— реклама —

Истрагите на МВР како шти веќе соопштија од министерството резултирале со заклучок дека во период од 2016 до 2023 година, фирмата Еверест ЏД во сопственост на Ахмети, која е концесионер на каменолом требало да плати прецизен годишен надоместок за концесијата и такса за извлечените минерални суровини, според тарифата за дозволи и концесии. Иако потребно било да достави и геодетски елаборати со детални количества на извлечени минерални суровини и периодот во кој е извршена екстракција, наведено во член 64 од Законот за минерални суровини. Тоа не го направиле. И наместо тоа, платиле 1.671.894 денари помалку за концесиски надоместоци, со што е направена штета на Буџетот на Република Македонија.

Дрин Ахмети експлоатирал камен и правел производи од истиот, без да ја пријави вистинската количина во Министерството за економија и за истата да плати соодветна сума пари на сметка на Буџетот.

— реклама —

Дрин Ахмети пријавил помалку експлоатирани минерални суровини отколку што навистина експлоатирал. Тој не само што го оштетил буџетот на државата преку не плаќање концесиски надоместок во реална висина, туку постои опасност дека така непријавените експлоатирани минерални суровини ги пуштил во промет без да ја еведентира нивната продажба и да плати данок.

Колкав е реалниот профит кој Ахмети го ставил во џеб и заради кој избегнал да плати надоместок кон државата?

— реклама —

ЈО да не спие и да почне да постапува по кривичните пријави на МВР. ДУИ и СДС 7 години ја ограбуваа државата и ја земаа среќата на многу луѓе. Време е да има одговорност, за никогаш да не се повтори.

Утре продолжуваме со нови детали околу милионите на Ахмети.”, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 4 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања