Лефков: СДС и ДУИ се свесни за изборниот пораз, затоа се нервозни и ги напаѓаат граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Lefkov-13.08

„Ако се погледнат бројките од анкетите и мерењата евидентно е дека граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во погрешна насока. Прашањето е како ги доживуваат анкетите овие од власта, затоа што анкетите практично претставуваат една алатка каде политичарите се информираат за јавното мислење“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.

— реклама —

Тој додаде дека бројката на граѓани од 74% кои кажуваат дека државата оди во погрешна насока може да се преведе слободно на 100%.

„Она што го укажуваат анкетите со овој број кажува само на една работа дека оваа политичка власт и елита со овие луѓе од страна на СДС и ДУИ можат да направат само едно, а тоа е никогаш повеќе да не конкурираат за вршење на јавни функции затоа што не се добредојдени, не ги сакаат граѓаните и очигледно е дека државата ја водат од еден во друг пораз и одиме во погрешна насока“, кажа Лефков.

— реклама —

Тој истакна дека евидентна е нервозата од страна на власта бидејќи знаат што ги чека и она што им претстои. Знаат дека ќе бидат поразени и ќе имаат пораз како досега не и се случил на ниедна власт.

„Анкетите имаат индикативен карактер односно што е тоа што народот го сака меѓутоа вака дадени анкети со овие бројки укажуваат само една работа а тоа е тргнете се од политика и никогаш повеќе да не се враќате во политика. За жал, Ковачевски тоа не сака да го признае и затоа ги напаѓа оние кои ги пренесуваат анкетите на граѓаните и затоа беа нападнати новинарите“, вели Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања