Промени тема
Контакт

Лефков: За утврдување каде потфрлил системот, потребно e да заврши судската постапка за Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarym7pn9qluakeu5ua656D

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за поднесувањето на предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, од страна на Владата.

„Овде станува збор за еден процес којшто започна уште на почетокот на годината, Собранието не ги усвои извештаите на Советот на јавни обвинители и на судскиот Совет којшто наместо да даваат препораки како да се надмине ситуацијата со недовербата во судството и нефункционалното јавно обвинителство, тие навидум само оперираа со едноставни бројки. ДКСК имаше еден куп инцијативи, околу 50тина од коишто ниту еден не заврши како обвинителен акт, што значи дека за целата состојба во јавното обвинителство, за нејзината нефункционалност треба да биде одговорен, и тоа според законот токму јавниот обвинител. Владата имаше седница на којашто достави предлог до Собранието за разрешување на јавниот обвинител, иако ова беше одложено поради случувањата и во Кочани и поради изборите. Разрешувањето на јавниот обвинител нема да влијае на обвинителниот тим, една судска постапка за Кочани и две предистраги. Обврска за чување на угледот на јавното обвинителство според Законот за јавни обвинители паѓа на јавниот обвинител“, истакна Лефков.

Лефков се осврна и на темата за денешната Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во Кочани и истакна дека за утврдување каде потфрлил системот е потребно да се заврши судската постапка, и дека процесната правда е единствен начин да се дојде до правдата.

— реклама —

„Нејзиниот претседател Апасиев имаше изјава на 64-тата седница од Собрание, во којашто велеше дека обвинителниот акт е килаво поставен и треба да падне, и дека министри и службеници кои земале мито не треба да бидат одговорни. Водејќи се од овие начела ние баравме изземање на претседавачот, затоа што тоа значеше дека Комисијата може да продолжи со работа, иако има спречување односно има друга постапка. Ние денеска присуствуваме на седницата и со гласање за дневниот ред констатиравме дека поднесувањето на оваа претставка е исправно и усогласено, меѓутоа за да утврдиме каде се потфрлил системот потребно е да се заврши судската постапка. Процесната правда е единствениот начин да дојдеме до правда и единствената надеж за нас како општество. Се надевам дека претседателот ќе се изземе барем за заклучоците, ќе се осврнеме на системските недостатоци и ќе се осврнеме на оние системски подобрувања коишто можеме да ги направиме“, рече Лефков и додаде:

— реклама —

„И постојаната Aнкетна комисија и Aнкетната комисија што ќе се случува за сите трагедии, ќе имаат една цел, а тоа е да се утврдат оние системски слабости. Видовте како и покрај аргументите, имаше проблеми со заседувањето затоа што нејзиниот претседавач веќе одбрал страна и се настрои против обвинителниот акт. Видовме како тука е претседателката на државата, премиерот на државата, сите колеги пратеници, застанавме сите заедно кога станува збор за утврдување на една ваква одговорност“.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови, Абази не го смета за виновен оти и самиот е инсталација на СДС

Македонија | пред 2 часа

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

„2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци, Македонија станува сe подобро поврзана со Европа и светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ не му се извинува на Филипче: Нов доказ може повторно да отвори постапка за модуларните болници

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања