Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
lefkov-6

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека имаме опозиција која е слабо раководена и координирана, затоа настапува со критики по основ дневни политички теми

— реклама —

Зборувајќи за состојбите во македонската опозиција, Лефков рече дека имаме исклучително слаба и лошо координирана опозициска партија, додавајќи дека истовремено се работи за опозиција кој е без конкретни теми за кои може да и забележи на власта, затоа и нивните настапи во Собрание се слаби.

— реклама —

„Можете да забележите дека опозицијата се води, би рекол, од дневно политички теми и коментари во недостаток на конкретни и конструктивни предлози. Последна тема за која се спротивставија беше Унгарскиот кредит за кој обвинуваа дека станува збор за кинески пари за кој добија шлаканица, лично од Орбан“, посочува Лефков.

Тој потсетува дека во изминатиот седумгодишен период поради одобрените земени кредити, а неповлечени средства поради немањето капацитет да се реализираат капитални проекти државата има платено некаде околу 25 милиони евра. Значи трошокот за нереализирани капитални инвестиции си добива само уште еден параметар, а тоа е 25милиони евра.

— реклама —

„Да не потсетувам за оној заем кој не чинеше плус 17 или 18 милиони евра, се сеќавате кога министерот за правда беше приморан да даде оставка, па не ја потпиша еврообврзницата за која беа платени сите трошоци, а потоа се издаде со повисока каматна стапка. Ако сето тоа го пресметаат економистите, доаѓате до загуба од 15 до 17 милиони евра, се на грбот на граѓаните, со тоа што не можеме прецизни затоа што никогаш не беше објавено чинењето на консултантските услуги за таа обврзница“, истакна Лефков.

Лефков посочи дека токму на оваа линија тие покажаа двојно полоши параметри и дека оние кои не задолжуваа во изминатиот период со емитување на државни обврзници со каматни стапки од 6,25% па нагоре, сега држат говори и излегуваат да критикуваат дупло поевтини кредити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 1 година

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања