„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Ленче Ристоска бара 600.000 денари обештетување од Латас: Сметам дека тужениот имал и личен и финансиски интерес за моја дискредитација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
latas-ristoska

Драган Павловиќ Латас денеска не се појави на рочиштето во Граѓанскиот суд, каде што за клевета и навреда го тужи јавната обвинителка Ленче Ристоска, објави „Фокус“.

— реклама —

Ристоска пред судот објасни дека тужбата ја поднела затоа што од Драган Павловиќ Латас не добила извинување, туку, напротив, продолжиле медиумски и јавни напади кои, според неа, биле насочени кон нарушување на нејзиниот професионален углед и чест. Таа посочи дека во период од мај до декември биле објавени три таргетирани објави со клевети и навреди, кои предизвикале јавна реакција и директна штета по нејзиниот углед.

Обвинителката наведе дека ваквиот наратив подоцна бил прифатен и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што, според неа, резултирало со повлекување на првичната листа на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права и усвојување нов предлог, без нејзино име. Тоа, како што рече, покажува дека клеветите ја постигнале целта – создавање јавен впечаток за нејзина неподобност.

— реклама —

Ристоска побара обештетување од 600.000 денари, нагласувајќи дека целта не ѝ е материјална корист, туку тужениот во иднина да известува објективно. Таа додаде дека и во јануари имало нови навредливи објави, за кои побарала извинување, но повторно не го добила.

Дополнително, Ристоска истакна дека Латас имал и личен бенефит од ваквата кампања, посочувајќи дека зетот на тужениот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил избран за член на Советот на АВМУ, со високи месечни примања, што, според неа, упатува на личен и финансиски интерес за нејзина дискредитација, пишува Фокус.

Одбраната, преку адвокатката Анита Бегова, тврдеше дека не е нанесена штета и дека станува збор за јавни информации, при што ја обвини Ристоска за барање публицитет. За време на рочиштето, Бегова упати навредливи забелешки кон обвинителката, по што судијката ја опомена да го коригира однесувањето и да се воздржи од лични напади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3cbv1f4rn9maenfD9qu

Латас најави контра-тужба за Ленче Ристоска: Ја споменала мојата фамилија

Македонија | пред 4 седмици

Dragan-Pavlovikj-Latas

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски

Коментари | пред 2 месеци

vmro

„Филипче и Заев се синоним за устен терор, неспособност и закани“, обвинува пратеникот Петрушевски

Македонија | пред 7 месеци

latas-kostadin

Ескалира конфликтот меѓу Латас и Костадинов: Ако си маж, дојди, а поттикот на убиство е кривично дело

Коментари | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања