Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Лет во Канада бил откажан откако дете одбило да се врзе со сигурносниот појас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryvk9pn3v0rre35XasPSG
фото: unsplash

Лет на канадската авиокомпанија „Porter Airlines“ од Викторија кон Торонто бил откажан откако едно дете одбило да се врзе со сигурносниот појас, поради што авионот морал да се врати на терминалот.

— реклама —

Авионот веќе го напуштил терминалот и се движел кон пистата кога родителот и членовите на кабинскиот екипаж повеќепати се обиделе да го врзат детето. Откако не успеале, авионот се вратил на излезот, за родителот и детето, заедно со нивниот багаж, да го напуштат леталото.

— реклама —

Потоа и останатите патници морале да го напуштат авионот додека се ажурирал планот за лет и се завршувала потребната документација. Поради долгото одложување, авионот го пропуштил рокот за полетување пред затворањето на пистата во 00:30 часот.

Така, патниците морале да преноќат во Британска Колумбија, а од авиокомпанијата им биле обезбедени нови летови за следниот ден.

— реклама —

Од „Porter Airlines“ соопштиле дека детето стоело на своето седиште, што создало небезбедни услови за полетување. Возраста на детето не е објавена.

Некои од патниците изразиле големо незадоволство поради ситуацијата и начинот на кој авиокомпанијата ја организирала комуникацијата по откажувањето на летот. Дел од нив морале сами да бараат хотелско сместување и сега бараат надомест за направените трошоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку седум загинати во голем пожар во канадска воена база, десетици повредени

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library77lonlb976v482h68Gz

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Свет | пред 1 седмица

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Катастрофален пожар во воена база во Канада, има загинати и повредени

Свет | пред 1 седмица

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Полицаец ранет во престрелка пред синагога во Канада

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања