Промени тема
Контакт

Левица алармира: системско насилство врз бремени жени – итно да се сменат законите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
pratenici-sobranie-levica

Левица објави потресен случај на трудница која го изгубила бебето во 27. гестациска недела, по силен стрес предизвикан од непродолжен договор за работа. Партијата го нарекува настанот „уште еден пример на институционално и системско насилство врз жена“, обелоденет токму во пресрет на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

— реклама —

Жената, професионалец со 14 години работно искуство во Општата болница во Струга, била информирана дека нејзиниот договор нема да биде продолжен веднаш откако соопштила дека е бремена. „Оди дома, имаш поважна работа – бремена си“, биле зборовите на директорот, според сведочењата што ги наведе Левица.

— реклама —

Левица најавува поднесување законски измени со кои ќе се предвиди договорите на трудниците по автоматизам да се продолжуваат, сè додека жената ги остварува правата поврзани со бременоста. Целта, велат, е да се спречат трауми какви што се случија во овој случај.

— реклама —

Партијата ги повикува Државниот инспекторат за труд и Министерството за економија и труд ригорозно да постапат против работодавачот и да обезбедат институционална заштита за жената која го изгуби своето бебе.

— реклама —

„Ова не смее да остане само бројка – ова е човечка трагедија што бара одговорност“, порачуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања