Промени тема
Контакт

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Советничката група на Левица денеска ја обвини Општината Аеродром дека не реагирала навреме за потенцијалните ризици во забавниот парк „Зимзоленд“, иако, како што наведуваат, биле утврдени неправилности и отворен предмет во Јавното обвинителство за општа опасност.

— реклама —

На прес-конференција, советникот Горан Костовски изјави дека просторот и понатаму работи без да бидат преземени конкретни мерки за отстранување на ризиците. Според него, и покрај забелешките од неколку инспекциски служби и предупредувањата од Град Скопје, општината не донела одлука за привремено затворање на паркoт или за демонтажа на реквизитите за кои постојат сомнежи дека се небезбедни.

— реклама —
— реклама —

Костовски потсети дека законската регулатива предвидува итно затворање на објект кога постои сомневање за опасност по граѓаните. Тој додаде дека од општината добиле само уверувања дека „процедурите се во тек“, но дека засега нема видливи активности на терен.

Од Левица прашуваат дали институциите ќе постапат пред да настане несакан настан или, како што велат, повторно ќе се реагира дури откако ќе има последици. Општина Аеродром засега не даде официјален одговор на изнесените обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Левица: Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот - тоа е стара експлоатација со нов речник

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
apasiev

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината - 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија заштитена од ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 5 дена

pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања