Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Левица: До каде е исплатата на ветената финансиска поддршка за учениците?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Levica

,,Пред четири месеца власта помпезно најави месечна финансиска поддршка за учениците чии семејства имаат примања до 50.000 денари; 1200 денари месечно за основците, односно 1800 денара за средношколците.

— реклама —

Веќе четири месеца МОН објавува јавен повик за финансиска поддршка, а родителите и учениците прибираат и поднесуваат документи.

— реклама —

Меѓутоа, финансиската помош - ја нема. Во најголем број општини и училишта на учениците кои ги исполнуваат условите за да ја добијат оваа финансиска помош и уредно, еднаш во месецот ги поднесуваат бараните документи, исплатени им се средства за еден месец, а во некои училишта- ниту за еден месец.

— реклама —

Дека станува збор за предизборен поткуп беше јасно уште од фактот што мерката е привремена: предвидено е да трае само шест месеца, од декември до мај, а сега станува очигледно дека власта на заминување не е способна да ги реализира ниту предизборните ветувања и лаги!

— реклама —

Срамно е да се манипулира со најранливите, семејства со мали деца кои живеат на раб од беда, бидејќи пресметаната вредност на потрошувачка кошничка за јануари 2024 година е 57.163 денари, да им се создаваат дополнителни обврски, а да не им се исплаќа ниту денар од ветените средства, па макар биле и предизборен маркетинг!", велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycmgpv65mgs0jajH1QP3

(Видео) Левица: Повторно исклучена струјата на факултети на УКИМ, без електрична енергија и студентскиот дом „Стив Наумов“

Скопје | пред 13 часа

— реклама —
apasiev

„Додека народот пресметува дали има за леб, Владата пресметува уште колку може да не презема ништо“, вели Левица

Македонија | пред 20 часа

media-library3vbsh2bl1e342Bgqyoh

„Сопругата на Роберт Вељановски избрана за надзор над прислушувањето“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 1 ден

Levica

Левица: ДПМНЕ ги одби предлозите за поддршка на домашното стопанство, железницата и заштита на природата

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања