Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Левица до Мицкоски: Наместо манипулации за коалиции, одговорете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library3jmn8kg048696JeN0EQ

Левица со остра реакција му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за манипулации и контрадикторни изјави, како и за недоследности во однос на неговото владеење и коалициските партнери.

„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас,“ велат од Левица.

— реклама —

Од партијата го обвинуваат премиерот дека секојдневно ја дискредитира функцијата со спротивставени ставови, наведувајќи дека „наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица“.

„Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели,“ стои во реакцијата.

— реклама —

Според Левица, Мицкоски во обид за политички маркетинг се понижува во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. Тие потсетуваат дека на митинг на ВМРО-ДПМНЕ премиерот ги повикал своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, а го претставувал како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар.

„Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?“ прашуваат од партијата.

Тие потсетуваат и на времето кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Зоран Заев, наведувајќи дека тогаш Левица била дел од процесот, додека Мицкоски „објавувал слики како вади масно ткиво“.

„Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?“ додаваат од Левица.

Во соопштението, тие повторно го отвораат и прашањето за случајот со Артан Груби. „А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере?“ завршуваат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Премиерот може да ја менува реториката но, сметката за струја ја кажува вистината“, велат од Левица

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library69q48b557u3aeb3wjTm

Левица: Економскиот „раст“ на Мицкоски е статистичка илузија

Македонија | пред 3 дена

media-library9a95bvpne8qq63ftC3R

(Фото) Исмаил од Левица анализира: Дали новиот закон за казина ќе донесе реални промени

Македонија | пред 5 дена

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

„Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка“, велат од Левица

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања