Промени тема
Контакт

Левица до ВМРО-ДПМНЕ: Не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ни сега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dimitar-apasiev9

По денешниот инцидент во Собранието и за влакно избегнатата тепачка меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ, псовките од Апасиев и осудата од ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи се огласи Левица.

,, Не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ни сега”.

— реклама —

Еве ја објавата на Левица од прес конференцијата на нивниот пратеник Амар Мециновиќ:

Народот заслужува одговоро-ДПМНЕ му сервира пцости и насилство.

— реклама —

Втори пратенички прашања по ред, ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци.

Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување.

— реклама —

Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство.

А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица.

— реклама —

Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега.

Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме пожустро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за западнонилската треска: Наместо навремено прскање и чистење на жариштата, вината се префрла на вазни по гробишта

Коментари | пред 1 месец

apasiev

„Во изминатите 15 години умреле вкупно пет пациенти од западнонилска треска, а сега за само едно лето починаа четворица“, вели Апасиев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања