Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Левица: Додека Словенија ги зголемува даноците на банките - во Македонија растат нивните профити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат повеќе од 106 милиони евра.

Поволниот ветар „кој дуваше“ од Народна банка, ги зголеми приходите од камати над 40 отсто во споредба со претходната година. Со зголемување на референтната стапка поскапеа кредитите со променливи каматни стапки. Голем дел се врзани со шест месечен ЕУРИОБОР - референтна каматна стапка објавена од страна на Европската банкарска федерација, СКИБОР - меѓубанкарска каматна стапка на депозити или благајнички записи, а покрај скапите кредити, зголемената стапка на казнена камата за пречекорување на платежните сметки им оди во прилог на лихвобанкарите, а на сметка на граѓаните.

— реклама —

За две децении значајно се промени сопственичката структура во банкарскиот сектор, посебно кај петте големи банки. Ако во 2004 година учеството на странскиот капитал изнесуваше 37,1 отсто, со текот на годините преминуваше во рацете на странските инвеститори и во 2023 година нивното учество достигна 88,7 отсто во петте големи банки. Странските директни инвестиции со вложувањата во акции само ја променија сопственоста и не придонесоа за економски раст и развој во Македонија. На странците им овозможија да профитираат врз грбот на домашното население преку рекордни каматни стапки, провизии и надоместоци.

— реклама —

За банките очигледно нема криза, тие се ликвидни, профитабилни и засега недопирливи во Македонија. Плаќаат данок на добивка само 10%, како и малите стопанственици, за разлика од Словенија - која воведе времен данок на банките од 19 на 22 отсто. Корумпираната власт и отсуството на државна регулација во банкарскиот систем им помогна на „домашните“ банки да ги срушат сопствените рекордни профити.

— реклама —

Левица во својата програма се залага за антилихварски закони со кои прогресивно ќе се оданочат профитите и ќе се ограничат каматните стапки, провизиите и надоместоците, за да се стави крај на должничкото ропство“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjousb0nsdqto6ZZKTk4

(Видео) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз

Македонија | пред 2 часа

apasiev

„Груевски ослободен од „Талир 2“ благодарение на Кривичниот законик што заедно го скроија СДСМ и ДПМНЕ“, велат од Левица

Македонија | пред 4 часа

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

Македонија | пред 6 часа

media-librarydbjp2mu90shbdhIMb1C

(Видео) Левица: „ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања