Левица: Изјавата на Чучуљ ја компромитира ДКСК и ја поткопува довербата на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library4tbhr2pht0au4E3qI2c


Гостувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на ТВ Телма, наместо да ја расчисти аферата што ја отвори Левица, отвори уште подлабоки и поалармантни сомнежи за функционирањето и интегритетот на Антикорупциската комисија, велат од политичката партија Левица.

„На јавноста ѝ беа понудени вообичаени бирократски флоскули - „ќе се види“, „ќе се утврди“, „ќе се излезе со став“, но суштинските прашања повторно беа избегнати. Особено загрижувачки е обидот да се релативизира очигледниот проблем со непријавените фирми поврзани со членката на ДКСК, Цвета Ристовска, за коишто досега објавивме дека има добиено 2,2 милиони денари од касата на ДПМНЕ.

Претседателот Чучуљ тврдеше дека, согласно закон, функционерот пријавува имот на лицата со кои живее во заедничко домаќинство, алудирајќи дека Ристовска не била должна да ги пријави фирмите на своите синови. Но токму тука аргументот паѓа во вода - при самиот избор, на анкетниот лист од 18.01.2024 година, Цвета Ристовска пријавува имот и на своите деца (стан, моторно возило) што јасно покажува дека таа во тој период живеела со нив. Сепак, свесно и намерно, ја изоставува фирмата која постои уште од 2020 година, а која обзнанивме дека добила 2,2 милиони од касата на ДПМНЕ!

Овој факт го демаскира обидот за правно жонглирање и ја открива суштината на проблемот, односно дека не станува збор за незнаење или пропуст, туку за селективна транспарентност.

Дополнително, изјавата на Чучуљ дека анкетните листови на членовите на ДКСК „се проверуваат секоја година“ знаејќи го ова, не влева доверба, туку напротив - ја компромитира самата институција. Ако ова е точно, тогаш логично се поставува прашањето: Како фирма што постои од 2020 година и била релевантна уште при изборот во 2024 година, останала „невидлива“ за сите тие проверки? Како после вакви факти воопшто ќе можат граѓаните да веруваат на наводни „проверки“?

Ова не е изолиран случај, туку дел од поширока слика. Истата таа Антикорупциска комисија сведоци сме како ги аминува предметите за функционери на ДПМНЕ, се прогласува за „ненадлежна“ ги затвора без санкции, ги заборава во фиоки. Денес, сè појасно се гледа зошто - Антикорупцијата е вградена во корупциската октоподска шема на ДПМНЕ, чиј политички центар е токму кај Христијан Мицкоски.
Кога антикорупционер крие фирми поврзани со најблиските, кога тие фирми добиваат милионски средства од партиската каса на ДПМНЕ, а истата таа институција треба да ги контролира партиските финансии, тогаш тоа е заробена институција.

Интегритетот на ДКСК е сериозно нарушен. Доколку навистина постои намера да се врати довербата на јавноста, тогаш расчистувањето мора да почне одвнатре со демонтажа на партиско-коруптивните врски што ја држат Антикорупциската комисија во служба на ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuukeghplktda8lv7BxW

Мециновиќ: Левица поднесува закони против партиски вработувања и дискриминација на бремените

Македонија | пред 57 минути

ljutkov

Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Македонија | пред 3 дена

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерката Ристовска крие имот - Дали ДКСК ќе почне со чистење од сопсвениот двор, прашува Левица

Македонија | пред 4 дена

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања